Skip to content

Човекот и морето – Шарл Бодлер

Ти секогаш ќе го сакаш, о човеку волен,
огледало на морето, а душата своја
ќе ја гледаш во далгите што в бескрај се ројат;
духот ти е без дно како и амбисот солен.

Ти љубиш да се нуркаш кон таа своја слика;
ја галиш со очи и со раце а в немст
ти попаѓа срцето пред бучењето темно
на дивата тажачка што од морето блика.

И двајцата живеете загадочни, молкум.
Човеку, никој не слегол во твоите тајни,
Море, никому твоите азна не се знајни.
На своите длабочини ревнини сте толку!

А сепак, еве, додека век по век се точи,
без поштеда и милост сте на бојното поле,
вљубени толку и двајцаат во смрт и во колеж,
о закрвени браќа, о борачи без почин!

Напишете коментар