Skip to content

10 прашања од кои секој може да извлече важна животна поука

Во животот запознаваме многу луѓе. Некои ни стануваат пријатели, некои се само познаници, а други пак само поминуваат во одредена етапа и губиме секаков контакт со нив. Во продолжение прочитајте ги следниве прашања (две групи по пет) и не мора да одговарате на првите пет. Само прочитајте го текстот до крај и ќе ја разберете поуката.

1. Наброј пет најбогати луѓе на светот.

2. Наброј ги последните пет победници во голф.

3. Наброј имиња на последни пет избрани за Мис на Америка.

4. Наброј десет луѓе кои добиле Нобелова или Пулицерва награда.

5. Наброј добитници на Оскар за најдобар актер и актерка во последните пет години.

Ако се обиде да одговориш, каков е резултатот? Овие не се губитници, се работи за најдобрите во својата област. Но, многу мал број луѓе ги помни вчерашните сензации. Аплаузот стивнува. Наградите го губат сјајот. Постигнувањата паѓаат во заборав. Во продолжение уште пет прашања, слободно одговорете ги.

1. Наброј две учителки кои ти помогнале во училиште.

2. Наброј три пријатели кои ти помогнаа кога ти беше тешко.

3. Наброј пет луѓе од кои си научил нешто важно.

4. Размисли за неколку луѓе кои направиле да се чувствуваш значјано.

5. Размисли за пет луѓе со кои се дружиш со задоволство.

Ова беше полесно, зарем не?

Поука: Луѓето кои твојот живот го прават поинаков не се оние со најмногу дипломи, најмногу пари или награди. Туку тие се луѓето за кои се грижиш и се грижат за тебе.

Прочитајте ја и следнава поучна приказна – Земјоделецот.

Напишете коментар