Skip to content

Две раце – Ацо Шопов

Леле, господи, што се случи со небото, што му стана,
беше кротко и мирно, беше прозрачно од синевина
како насмејано лице на девојка лична и невина.
Но наеднаш дувнаа темни ветришта
и громорозни молњи небото го исекоа на крвави парчиња,
небото се отвори и заплака со несмирен плач од
секоја раскрвавена рака.
Леле господи, што се случува со небото, што му стана!
Рика небото и плаче потресено,
плаче од темни ветриша и молњи-огништа
искинато и разнесено,
и одвај можат да се забележат, одвај да се насетат
две раце,
рака црна,
рака бела,
две раце од сите светови испратени и ветени
и во тајна љубов крстосано посветени.

Рика небото и не може да ги раздели
рацете крстосани,
раката црна,
раката бела.
Тие и не личат на две раце,
туку на една светлобела рака
носена од црните ветришта на небото
што го крстосува светот и го гушнува со мака.

Напишете коментар