Skip to content

Раѓањето на светот – Петре М. Андреевски

Тоа беше како на сон,
на туѓо место, во туѓо време:
дрвјата растеа само накриво
и беа облечени во нечиста вода
што зрееше во снежни плодови.
О, тоа беше некое друго време,
кога времето го немаше:
се разденуваше, а не се темнеше,
кога по земјата одеа само камења
и кога птиците немаа нозе
и беа осудени само да летаат.
А и ние како да не бевме никаде:
очитени беа беспомошни,
лицата не си ги познававме,
имињата не си ги знаевме.
И уште не знаеме што ни правеше
тоа тогаш некој и тоа таму нешто.

Напишете коментар