Skip to content

7 чекори за промена на животот според Тони Робинс

Сѐ што е потребно за промена на вашиот живот е одлуката дека дошло време да станете и да го направите токму тоа. Можеби овие совети нема да ви го променат животот од корен, но ништо не губите ако ги прочитате. Три минути од своето време секој би требало да може да одвои за да прочита нешто плус во текот на денот. Тони Робинс ги предлага следниве 7 чекори за промена на животот.

1. Одлучете што сакате и зошто

Невозможно е да се создаде сопствен идеален живот од сонишата ако не сте сигурни како тој треба да изгледа. Многумина немаат идеја. Пред да направите нешто, дајте си себеси малку слободно време со празен лист хартија. На листот напишете како навистина изгледа извонредниот живот за вас. Создавање визијаза иднината која ја посакувате ви дава компас кој ќе ве води напред.

Спознајте ја причината која стои зад вашите цели и визиите кои ги имате за својот живот. Нека ви биде кристално јасно зошто е толку важно за вас да ја следите својата визија за успех и постигнување на целите. Ако причината не е доволно важна, нема да останете на “патеката“ кога ќе ви биде тешко. Кога вашата причина е поголема од вашето его и потреби, вие ќе бидете посилни во постигнување на целта.

2. Преобликувајте ги проблемите и исфрлете ги негативните уверувања

Вашите проблеми не ве спречуваат во создавање на она што го сакате. Тоа е само приказна која сами себе си ја раскажувате за проблемите. Таа пак ви нуди изговор да останете во својата зона на удобност. Погледнете ги нештата онакви какви што се, но немојте да ги сметате за полоши отколку што се. Проблемите се всушност само повик за да направите чекор напред пред стравот.

Вие не го гледате светот каков што е туку какви што сте вие. Во склад со тоа, зборовите што ги користите за опишување на вашата сегашност, минато или иднината, ја создаваат реалноста во која живеете. Ако се претставите како беспомошна жртва, ќе бидете токму тоа. Ако се поставите како господар на својата судбина, тоа и ќе бидете.

3. Преземете нешто

Лесно е да се живее со изговори и оправдувања зошто не можете да го направите она што го сакате, барем не сега. Можеби подоцна. Но нема посилен противотров за стравот од дејствувањето. Секојдневното дејствување. Не чекајте сѐ да знаете пред нешто да направите. Почнете да разговарате со луѓето. Ризикувајте одбивање. Средетете ги своите финансии. Побарајте помош. Научете вештина. Прочитајте нечија биографија. Изнајмете тренер. Придружете се на некоја група. Само направете нешто – секој ден.

4. Прегрнете ја незивесноста

Повеќето луѓе сакаат да чувствуваат контрола над својот живот и сакаат да донесуваат одлуки кои се темелат на иднината која со сигурност можат да ја предвидат. Колку и да се обидувате да го контролирате сопственото опкружување, не можете. Животот е инхерентно неизвесен и секоја сигурност која мислите дека ја имате е само илузија. Прифаќањето на животната несигурност ве ослободува и ви дава слобода да бидете одлучни и побрзо да ги прилагодувате своите едра кон ветрото кој постојано ја менува насоката.

5. Распоредете ги приоритетите

Ако не размислувате на како начин да ги одредите своите приоритети, приоритетите на другите луѓе ќе ги проголтаат. Затоа распоредете ги своите активности “кои мора да ги направите“ во својот календар – вежбање, семејство, размислување, планирање и ритуали, за да ја постигнете својата врвна состојба. Претпоставката дека ќе најдете време кога сте зафатени со својот живот е фантастично размислување.

6. Опкружете се со луѓе што поттикнуваат

Никогаш не го потценувајте влијанието на луѓето околу вас. Постојат такви кои ве туркаат напред и ние кои ве задржуваат во место. Вашиот живот е израмнет одраз на очекувањата од оние околу вас. Ако луѓето со кои се дружите не го извлекуваат најдоброто од вас, излезете од удобната зона и пронајдете луѓе кои ќе го направат спротивното. Бидејќи во добро или зл, не можете да си помогнете, ќе станете како луѓето што ве опкружуваат.

7. Бидете благодарни

Премногу често се сосредоточуваме на она што ни недостига во нашите животи и на она што го немаме, а не на сѐ што правиме. Тоа нѐ прави оскудни, поттикнува огорченост, самосожалување и чувство на немоќ.Чувајте го својот ум и кога ќе сфатите дека размислувате за она што ви недостига, повторно сосредоточете се со она што веќе го имате. Бидејќи без оглед на тоа колку страшни можат да изгледаат нештата, секогаш постои нешто за кое треба да се биде благодарен.

Напишете коментар