Skip to content

Езеро мое

Ти си мој смарагд, езеро мое
Ти кое рониш солзи за неизбришливите спомени
Испеани со гитари и разбушавени зајдосонца
Каде ли ги криеш скршените прстени на разделените љубови, езеро мое?

Ти со мој спасител, езеро мое
Каде солзиве ги ронам од детските спомени
Напишани на камчињата песок на брегот од соништата
Каде ли отишле животите кои ги барам во прашините на брановите, езеро мое?

Ти со мојот мир, езеро мое
Каде излеаните солзи се  бисерна вода
Која се разлева на ѓерданите на моминските грла
Каде ли се убавите македонски моми кои белеле платна на твоите извори?

Ти немаш одговор, езеро мое
Знаеш дека немите зборови се одговор на сите мои прашања
Ме погледнуваш со бисерен отсјај, милно ме погледнуваш без збор, езеро мое
Знам, во твојата тишина и мир се одговорите на сите мои прашања, езеро мое.

Немо гледам во тебе, езеро мое,
Стануваме едно, стануваме небесен свемир, езеро мое.

Напишете коментар