Skip to content

Борна Кекиќ – Нејзиното име е скриено

  • by

На нашиот е-маил ни пристигна песна која ни ја испрати авторот Борна Кекиќ кој е од Хрватска. Ни испрати и кратка биографија. Тој има освојувано бројни награди. Прочитајте во продолжение подетално.

Борна Кекиќ е роден во Загреб (Хрваска), каде што завршил средно училиште по економија. Тој започнал да игра музика како мало момче во Детскиот хор во Загреб. Борна се занимава со рап музика уште од основно училиште и тоа останува негова преокупација до денес. Тој пишува свои текстови, прави своја музика и уште во средно училиште започнал да создава свое мало музичко студио.

Знаењето стекнато на Економската школа од областа на маркетинг и претприемништво го охрабри да преземе дополнителни активности, така што покрај студиско снимање, во моментов работи и на видеа. Преку музика се сретнувал со поети кои го охрабруваа да ги изразува своите емоции и на овој начин.

Во продолжение прочитајте ги неговите стихови.

Нејзиното име е скриено

Ти си сонце што сјае на небото

твојата љубов ја опива мојата душа

ти си жената што моето срце го сака

но понекогаш ме повредува

затоа што моето срце само те сака…

Кажи ми го твоето име низ шепотот,

како што се пишува

кажи ми што ти носи ветрот

за што зборуваат дождовите

додека поетот го пишува ова…

Напишете коментар