Skip to content

„Фолтин“ со нов албум насловен „Симултан бакнеж“, промовираа 4 нови песни и спот

Новиот (мини) албум на „Фолтин“, е насловен „Симултан бакнеж“, кој беше промовиран на 1 јули во МКЦ. Албумот содржи четири нови песни кои се снимени во студиото „Алшар“ во декември минатата година.

Албумот е објавен под етикетата на „ОХО продукција“, продуцент е Пеце Талески. Обвивката на албумот е дело на режисерот Ѓорче Ставрески.

„Фолтин“ е една од најпознатите групи од Битола, Македонија, која постои од 1997 година. Групата учествувала на многу музички и театарски фестивали во Македонија, Хрватска, Италија, Австрија, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Бугарија, Франција, Унгарија. Музиката на „Фолтин“ обично се опишува како надреална, страсна и жива, со жешка танцувачка атмосфера, која ја постигнуваат со брзите македонски ритми.

Во продолжение погледнете го спотот за песната „Кој може да расипе еден ваков ден“ во режија на Милена Виитман. Директор на фотографија е Michell Rivas, а актери се Rio Rasch и Nisha Virmani. Видео записот е снимен во Берлин.

Напишете коментар