Skip to content

Палави афоризмичиња инспирирани од децата – Миле Ѓорѓијоски

  • by

1. Пливањето на бато му е слаба страна. Никако да исплива од прво одделение.

2. Ако сакате децата почесто да ги отвараат училишните ранци, ставајте повеќе кроасани во нив.

3. Некогаш повеќе ја сакам баба, некогаш дедо. Зависи од тоа кој ми ги пишува домашните.

4. Дедо не се сеќава на ништо од своето детство. Вели дека тогаш немало таблети, мобилни, интернет…

5. Не му се радувам секогаш на училишното ѕвоно. Кога sвони за почеток на часот – го мразам.

6. За разлика од дедовците, бабите не пијат ракија, затоа не веруваат дека земјата се врти.

7. Дедо сигурно бил повторувач! Постојано ми вели дека повторувањето е мајка на знаењето.

8. Тато ќе мора пак да оди во Кина. Денес, кога мама се налути, ги скрши сите кинески вазни дома.

9. Добро е што дедо заборава, дека тој ми ги пишува домашните по математика. Секогаш кога ќе добијам петка, ме носи во слаткара.

10. Тато сака да бидам инженер, а мама лекар. Родителите никогаш не сакаат децата да личат на нив!

11. Знам зошто баба не сака да работи на лаптопот. Се плаши од компјутерското глувче.

12. Среќа моја што мама и тато не сакаат сѐ што сакаат младите. Ќе немаше кој да ми ги чита лектирите.

13. Не знам од каде сите знаат дека денес на дедо не му е роденден! Никој не му го честита.

14. Знам зошто дедо не се труди за секоја домашна да добивам петки. Штеди на сладолед.

15. Дедо мисли дека на море се оди со ученичка книшка. Вели „Е, внучко, внучко, да беше одличен, ќе одевме на море“.

16. Кај нас дома сите се “кецароши“. Дедо доби единица по историја, тато по географија, а мама по математика.

17. В година дедо ќе биде полуматурант. Ќе ги чита моите лектири за девето одделение.

18. Не е крив бато што само два месеца во годината не добива единици. Само толку трае летниот распуст.

19. Откако дедо го поправи апаратчето за слушање, тато веќе не се фали, дека тој сам си ги пишувал домашните задачи.

20. Знам зошто дедо мисли дека негого донел штрк! Кога тој се родил немало такси.

21. Бато вети дека нема веќе да добива единици. Се до завршувањето на летниот распуст.

22. Oткако тато вети дека ќе одиме во кинески ресторан, дедо многу се нервира – нема пасош.

23. Дедо треба да го смени начинот на славењето на родендените. Место седумдесет свеќички во една тората, треба да порача седумдесет торти.

24. Бато може да не добива единици три, четири и повеќе месеци. Треба само да продолжи летниот распуст.

25. Дедо не верува во чуда, ама само кога ќе ја земе пензијата.За разлика од неговата пензија, чудата траат три дена.

Прочитајте ги и следниве афоризми за спорт „Од мртов агол“ од Миле Ѓорѓијоски.

Напишете коментар