Skip to content

5 знаци кои покажуваат дека е време да му кажете збогум на партнерот

Понекогаш многу вложуваме во односот што ни изгледа глупаво да се откажеме од тоа што го имаме. Но, ако партнерот ви кажал или ви покажал на многу начини дека не ве сака тогаш нели е најдобро да го пуштите? Тоа е најправилното и за вас, но и за него.

Кога сакаме некого нашата поврзаност со таа индивидуа е голема и откажувањето од таква љубов не е лесно. Честопати грчевито се држиме до некого кој повеќе не се труди околу врската и го гуши и она малку живот кој постои во тој однос. Не е љубов кога гледаме дека партнерот очигледно сака да си замине, а го држиме како “затвореник“.

Присилувањето со вина за да се остане или пронаоѓање причини со кои ќе го уверите дека е подобро да се остане во врската не е фер и не е љубов. Во продолжение прочитатјте ги петте знаци кои укажуваат дека е време да му/ѝ кажете засекогаш збогум на партнерот/партнерката

1. Дали сте во врска бидејќи чувствувате дека вие на партнерот тоа му го “должите?“

Никој нам не ни должи ништо. Ниту ние должиме некому, освен на себе. Ние си должиме себеси доволно да се сакаме сами и да го напуштиме односот кога нас партнерот нѐ не сака онака како што заслужуваме.

2. Останувате во врска поради страв?

Страв од осаменост? Страв од финансиска несигурност? Стравот дека никогаш нема да најдете некој друг кој повторно ќе ве сака? Ако е така, време е да излезете од таа врска. Стравот не смее да биде причина за да останете во незадоволителна врска.

3. Дали вашиот партнер вложува енергија во зајакнување на врскатa еднакво како и вие?

Не слушајте што зборува – гледајте што прави. Потребни се двајца за односот да функционира правилно. Ако вие сте тие кои постојано вложуваат енергија во врската тогаш време е да размислите зошто е тоа така.

4. Дали со партнерот/партнерката сте најдобрата верзија од себеси (или најлошата)?

Не кога нештата биле добри туку сега. Дали сте најдобрата верзија од себе со својот партнер – сега? И дали вашиот партнер е најдобрата верзија од себе со вас? Ако еден на друг си бидете она најлошо – лутина, љубомора, несигурност, нетрпеливост, одговорот најверојатно е не.

5. Можете ли искрено да кажете дека вие сте најдобра личност за својот/својата партнер/ка?

Или можно е да постои некој/а кој/а подобро би му одговорал/а? Понекогаш луѓето не можат да останат заедно бидејќи почнуваат да сакаат различни нешта. Или кога не се гледаат заедно во иднина после одреден период. Ова е главниот момент во кој мора да бидеме искрени кон себе и да прифатиме дека повеќе не можеме да останеме во врската со личност која не ја сакаме. А вистинската љубв кон себе е создавање простор за да може да се појави некој/а друг/а. Некој кој ќе нѐ сака онака како што заслужуваме.

Прочитајте и зошто туѓото мислење не треба да ве повредува.

Напишете коментар