Skip to content

Тајане Бојане

Тајане Бојане е  македонски календарски обичај поврзан со празникот Раѓање на Свети Јован Крстител – Иванден (7 јули/24 јуни). Најдолго се задржал во Прилепско, Битолско и Крушевско. Го одбележуваме со една песна, посветена токму на овој празник.

Тајане Бојане

Се собрале децата да прават лажна свадба
Насобрале младо џунџуле за да китат
Мала невеста
Во ѓум налеале вода од три чешми
Да го стават на дете Тајане
И пееле песни пригодни
Да го слават Иван ден:
Tајане, Бојане, имам брат Свети Јоване,
ункеши, ункеши, ункеши по маглата.

Зетот и невестата алавраце фатени
собирале зајре различно
Во плетени кошници
За да месат кравајче
И да прават веселба
Со емиш и зарзават
И да месат сукано зелниче
Горди домаќинки.
Девојките биле возбудени
Која прва ќе касне од кравајчето
Таа прва ќе се омажи.
Празникот на маалата
На славењето
На дружбата
Да се врати
Сите комшиски да се дружат
И раце да си пружат.
Кога оброк се дели
Срцето се весели.
Да ги сочуваме овие адети стари
И сè она што се слави,
Зошто големиот христијански празник
Иванден
Радост во душата
Ќе ни дари.

Напишете коментар