Skip to content

Достоевски: По насмевката се познава целиот човечки карактер

Фјодор Михајлович Достоевски до денес е еден од најпопуларните автори. Неговите дела се вбројуваат во најубавите светски литературни класици. Сигурно е еден од најцитираните автори во светот. Достоевски им дозволува на мислите да зборуваат низ неговите дела, односно совршено ја отсликува психолошката состојба на човекот.

Еве што вели Достоевски за насмевката:

„За насмевка, пред сè, потребна е искреност, а зарем има искреност кај луѓето?

За насмевка е потребна незлобност, а луѓето најчесто се смеат пакосно.

Искрена и незлобна насмевка значи веселост, а зарем има кај луѓето во денешно време веселост и дали знаат луѓето денес да се веселат?

Веселоста на човекот е негова најочигледна особина, која најмногу го издава.

Долго време е потребно за да запознаете нечиј карактер, но штом човекот барем еднаш се насмее искрено, ќе ви го покаже целиот свој карактер, одма, како да ви е на дланка.

Само многу возвишен и среќен човек може да биде весел и да ги заразува другите со својата веселост. Односно да биде неодоливо и добродушно весел.

Не зборувам за развојот на неговиот ум, туку за карактерот, за целиот човек.

На тој начин, ако сакате да го препознаете човекот и да ја запознаете неговата душа, не го набљудувајте додека молчи, или додека зборува, или додека плаче, или како се возбудува на племенити идеи. Подобро погледнете како се смее.

Ако се смее добро, знајте дека е добар човек.

Јас затоа добро знам дека насмевката е најсигурна проба на душата.“

Напишете коментар