Skip to content

Светиот човек – поучна приказна

Се проширил глас за еден мудар Свет човек што живеел во куќичка на врв од планината. Еден селанец решил да замине на долго и тешко патување за да го посети.

Кога пристигнал во куќата, се сретнал со еден стар прислужник што го поздравил на вратата.

“Би сакал да го видам мудриот Свет човек“, му рекол на прислужникот.

Прислужникот се насмеал и го поканил да влезе. Додека чекореле низ куќата, селанецот со голема љубопитност ја разгледувал, очекувајќи ја средбата со Светиот човек.

Не поминало многу време, а прислужникот веќе го водел накај задната врата и го испратил надвор. Тој застанал и се свртел накај прислужникот: “Но, јас сакам да го видам Светиот човек!“

“Веќе го виде“, рекол старецот. “Секој што би можел да го сретнеш во животот, дури и да ти изгледа обичен и незначаен… гледај го како мудар Свет човек. Ако го направиш тоа, тогаш секој проблем што си го донел тука веднаш ќе биде решен“.

Прочитајте ја и поучната приказна „Која е тајната за среќата?

Напишете коментар