Skip to content

33 мисли од Никола Тесла и занимливости поврзани со неговиот живот

Никола Тесла бил роден во Смилјан, Лика, на 10 јули 1856 г., а починал во Њујорк на 7 јануари 1943 г. Тој е светски најпознатиот српски научник, истражувач и пронаоѓач на полето на електротехниката и радиотехниката. Познат е како татко на наизменичната струја и бројни футуристички пронајдоци. Прочитајте што изјавил тој во текот на неговото живеење.

1. „Човекот е роден да работи, да трпи и да се бори. Кој не го прави ова, мора да пропадне.“

2. „Да, вистина е дека секогаш превземам повеќе отколку што можам да остварам.“

3. „Од сите “сили на триење“, онаа која најмногу го успорува човечкиот напредок е незнаењето, она што Будва го нарекува “Најголемо зло на светот“.

4. „Дарот на менталната енергија доаѓа од Бог, врвно битие и ако ние ги сконцентрираме нашите мисли на таа вистина, ќе станеме складни со оваа голема моќ. Мојата мајка ме научи дека целата вистина треба да се бара во Библијата.“

5. „Пред да ја направам скицата на хартија, целата идеја е разработена ментално. Во мојот ум ја сменувам конструкцијата, работам на подбрувања, па дури и го поместувам уредот.“

6. „Јас не се занимавам со провоцирање, не сум гатач, не им ја предвидувам судбината на луѓето и не сум измислител. Јас откривам. Јас сум пронаоѓач на принцпите кои постојат.“

7. „Времето не постои“.

8. „Денот кога ќе дознаеме што е точно електрицитетот ќе биде најзначаен датум во историјата на човештвото“.

9. „Електрицитетот за мене е сѐ.“

10. „Како што гледате и слушате, јас останав Србин и преку морето, каде што се занимавам со истражувања. Тоа исто треба да бидете и вие и со своето знаење и работа да ја подигнете славата на српството во светот.“

11. „Не жалам дека другите ги украдоа моите идеи, но жалам што немаат свои.“

12. „Горд сум што потекнувал од земјообработувачки, витешки народ, кој е во непрекината и лута борба за своите идеали и европска култура која ја задолжил Европа и секаде заслужил чест и почит од целиот свет, посебно од големата Америка.“

13. „Ако имам среќа да ги остварам барем некои од своите идеи, тоа ќе биде добродетелство за целото човештво. Ако тие мои надежи се исполнат, најслатка мисла ќе ми биде дека тоа е дело на еден Србин.“

14. „Никогаш не вервај во сјајот од очите на жените! Тоа веројатно е светло што продира низ нејзината шуплива глава.“

15. „Вашата омраза претворена во електрична енергија би можела да осветлува многу градови.“

16. „Сите сме едно. Луѓето меѓусебно се поврзани со невидливи сили.“

17. „Мирот во светот може да дојде само како природна последица на универзално просветлување.“

18. „Ширењето на цивилизацијата може да се спореди со ширењето на огнот. Прво тоа е тивка искра, а потоа го зафаќа пламенот, потоа се создава моќен пожар кој станува сѐ појак и побрз.“

19. Кога бил прашан дали поседува накит, рекол: „Не, господне, од накитот ми се гади.“

20. Најмногу го погодило доделувањето на Нобеловата награда на Маркони и Браун за “одвоената, но паралена работа на развој на безжичната комуникација“. Кога слушнал за тоа, се упаитл кон паркот Брајант со парчиња трошки во раката и седнал на клупа да ги нахрани гулабите. “Тие се моите единствени пријатели“, му рекол на еден новинар.

21. „Голем индустријалец сака да работам за него. Но јас не сакам да работам со туѓи пари и да бидам зависен.“

22. „Сликите кои ми се прикажаа беа необично остри, јасни и имаа цврстина на метал.“

23. „Мојот проект беше забавен од законите на природата. Светот не беше подготвен на тоа. Тоа беше премногу далеку пред времето. Но, истите закони ќе преовладуваат на крајот и ќе направат триумфален успех.“

24. „Моите трансформатори не се електромагнетски уреди, тие користат блескави ударни бранови и произведуваат чист напон без струја“

25. „Секој трансфроматор спроведува одредено траење на импулс со посебна сила. Знали секој мора да биде “погоден“ со подесување на прекинувач за тој специфичен имплус на траење.“

26. „Го открив прекрасниот факт дека импулсот е со траење од 100 микросекунди или помалку и дека не може да се почувствува и дека нема да наштети – да ги направи полоши филозофските состојби.“

27. „Ако не разбираш што е електрицитет не си сам. Дури и професорите, инжењерите, но и научните тешко го сфаќаат концептот.“

28. „Очигледно дека “струјата“ не може да има неколку различни нешта во исто време. Зборот “електрицитет“ за жал го дефиниравме на луд начин.“

29. „Зборот “електрицитет“ има неколку противречни значења. Овие различни значења се неспоиви и противречноста може да го збуни секого. На крајот сме присилени да прогласиме дека нема такво нешто како “струја“ на сѐ!“

30. „Електрицитетот е како пулс напред и пулс назад. А јас секогаш бев луд за грмотевицата.“

31. „Електрицитетот е живо битие.“

32. „Јас сум пронаоѓач на нештата кои постојат во природата околу нас.“

33. „Сосема ми е неважно дали својата турбина ја придвижувам во мислите или ја испитувам во лабораторија.“

Никола Тесла е татко и мајка на првиот електричен автомобил – возило.

Прочитајте ги и следниве цитати од Блез Паскал кои ќе ве воодушеваат.

Напишете коментар