Skip to content

Ден достаса – Гане Тодоровски

Ден достаса светол низ утрина чиста
в руменило кога се капеше исток,
и тежеше бисер по кревките листој…

Ден достаса кога огнените стрели
го пореа силно сонливото небе,
и триеја очи заспаните села
расфрлени ширум по ширниот гребен.
Над логорот кога се разнесе грубо
звукот прв од нашата ранобудник-труба.

Ден достаса кога и нашата смена
киниса со песна во првиот бој,
во првата битка со тврдите стени
во бојот за строеж на животот свој.

Ден достаса светол, прв бригаден ден,
со песна и смеа беше искитен.

Напишете коментар