Skip to content

До тебе е – Софи Индовино

  • by

Не е до клетвата,
не е до судбината.
Не до ѓаволот,
Не е до лошата среќа,
до ретрограден Меркур,
до Сатурн во Скорпија.
Не е до црната мачка на патот,
не е до уроци и злите магии.
Не до заводливите,
лошите,
пакосните,
соседите,
озборувачите,
крадачите,
гатачите,
врачарите,
шаманите,
поповите.
Не е ни до мајка ти,
татко ти,
браќата,
сестрите,
тетките,
другарите,
бившите…

Професорот од средно што те “мразеше”,
партијата што те зафркна,
државата што те расипа
и системот што не функционира.
Не е до другите.

До ТЕБЕ Е!
Зошто ти си дозволил друг животот да ти го зае**.?
Никој не ти е повеќе непријател отколку самиот себе.
Колку побрзо сфатиш толку помалку ќе патиш.
Твојот живот е твоја одговорност.
Не си дрво,
стани,
реагирај,
смени,
промени,
кажи,
покажи.
Ако треба и тужи.
Барај!
Штрајкувај!
Бунтувај се!

Прави сѐ само немој да кукаш.
Ќе ти стане навика,
ќе се сториш кукавица.
А кукавичлакот е дијагноза најсмртоносна на денешницата.
Убива бавно,
полека, подмолно.
Убива соништа,
мечти,
желби,
планови.
Убива животи,
пред да почнат да бидат живеани.

Напишете коментар