Skip to content

„Каде е Емили?“, најновата книга од Емилија Златкова Анастасова доживеа две промоции

„Каде е Емили?“, најновата книга на авторката Емилија Златкова Анастасова беше промовирана најпрво во Штип, а потоа во Скопје. Промотор била Зорица Теофилова. Книгата е во издание на „Полица“, и продолжение на романот „Близнаци“ кој бил напишан уште пред повеќе од дваесет години. По желба на читателите тој добива продолжеток токму во оваа книга, во приказната за Емили.

Промоцијата на „Каде е Емили?“ се случуваше во скопското кафуле „Долап“. На промоцијата во библиотеката „Гоце Делчев“ во Штип исто така бea промовирани и „Неверство“ и „Детето во снегот“. Книгите имаа убав прием кај читателите. Авторката вели дека промоцијата била доста успешна, со многу посетители и запазени мерки според препораките.

„Се качува во авион од Москва за да се врати во Скопје, но во Скопје не слегува од авионот“.  Каде исчезнала Емили, ќе дознаете ако ја прочитате книгата.

Емилија Златкова Анастасова на промоција на „Каде е Емили“ во Штип

Емилија Златкова Анастасова моментално живее и твори во Велес.  Дипломирала  македонска книжевност и македонски јазик на факултетот „Блаже Конески“ во Скопје. Автор е на книгите: „Волшебното Синџирче“ (роман за деца и млади), „Нов Ден, Нова Песна“ (збирка поезија), „Поглед кон невидливото“ (збирка драми), „Близнаци“, „Неверство“, „Детето во снегот“ и „Каде е Емили?“.

Напишете коментар