Skip to content

Сакам понеделници!

Сакам понеделници! Сакам  понеделнички утра, ја сакам првата голтка кафе. Можеби најубаво ми е кога ќе го погледнам денот и знам дека сé почнува одново. Имам шанса да ги дофатам ѕвездите и да го испијам првото  кафе помислувајќи дека доволно ми е само една голтка за да се разбудат сите мои сетила и дека уживањето во  вкусот на арабика се доволни да ги отворам очите.

Првото кафе е како првиот бакнеж, како првиот состанок, како првата добиена петка во школски дневник, како првиот аплауз после првата одиграна театарска претстава. Првото кафе е како будење после стогодишен сон во кој не сме сонувале ништо, само сме се очекувале да се разбудиме за да го испиеме.

Го наслушувам  шиштењето на топлата рингла и скокнувам да го налијам во филџанот во кој го пијам утринскиот напиток. Тоа е мојот утрински ритуал.  Моите дразбите го мирисаат и го вкусуваат овој необичен вкус.

Внесува сила и енергија во моите сетила и зениците ми се шират. Го гледам светот со раширени очи!

Сакам понеделници. Се разбира и денес, како и секој нов понеделник верувам дека и оваа недела ќе биде успешна за сите и ќе донесе убави предизвици и убави спомени за сите нас!

Да живеат понеделниците!

Напишете коментар