Skip to content

Харикири – Петре М. Андреевски

Ќе ја напишам последната песна
ќе испијам три голтки саќе
и ќе застанам радосен и чист
пред чистата и постојана светлина
од мојот искален меч.
И после ќе си го распарам мевот,
мевот со мечот
и тоа ќе биде крајот
на мојата последна песна.
Така ќе си го смирам гневот,
гневот и гревот,
така ќе си ја вратам и својата погазена чест.
После читајте ја песната,
мојата последна песна:
„Тешко на тој што сака
со туѓа душа да живее
и тешко на тој што се плаши
да ги исправа божјите работи.“

Напишете коментар