Skip to content

Сербез Донка – за една песна

Македонскиот народ е познат по богатиот фолколор кој доаѓа директно од народот за народот.
Една од најпознатите македонски народни песни е песната “Се посврши Сербез Донка”.

Песната доаѓа од велешкиот крај и зад себе ја раскажува една од најубавите љубовни приказни.

Имено, Донка Јаричкова е ќерка на богатиот трговец Пецо Јаричков кој сака да ја омажи на далеку за момче кое има огромно богатство. Но, Донка е заљубена во Миле Ивчев, скромното велешко момче.

Вечерта кога свршувачката е во најголем ек и другарите и другарките на Донка се разиграни, Донка преку оџакот на куќата, без никој да знае бега надвор од куќата кај што ја дочекува нејзиниот Миле.

Донка и Миле се венчаваат и живеат среќно, а по раѓањето на првото внуче и таткото на Донка го прифаќа бракот.

Приказната ја раскажува многу подоцна еден од потомците на Миле и Донка, а македонскиот народ го прави тоа што најдобро го умее, ја овековечува приказната низ песна.

Уживајте во песната во изведба на нашиот непреболен ангел Тоше Проески!

Напишете коментар