Две тела – Октавио Пас

Две тела со лице в лице
два брана се понекогаш
а ноќта е океан.

Две тела со лице в лице
два камена се понекогаш
а ноќта е пустина.

Две тела со лице в лице
корења се понекогаш
во ноќта заплетени.

Две тела со лице в лице
ножови се понекогаш
а ноќта е молња пак.

Две тела со лице в лице
две се ѕвезди што паѓаат
во едно празно небо.

close

Дали сакаш во твоето сандаче да стигнуваат
најпосетуваните статии на блогот
на крајот од секоја недела?