Skip to content

Мојот Архангел Михаил

Плавината ме опсипа кога те замолив за штит

Направен од божји оган

Ме опколи со сина сончевина

И ги згмечив роговите  под нозете

Никој веќе не може да ме нападне

Со невидлива леснотија

Да навлезе во моите мисли

Никој веќе не може да ја опипа

Мојата невидлива желба

Само ти си мојата синевина, сончевина

Само ти си мојот штит, заштитник

Само ти ги знаеш сите мои тајни,

Мојот ангел во сино

Мојот Архангел Михаил.

Напишете коментар