Skip to content

20 занимливости за хигиената кои е корисно да се знаат

Хигиената е наука и група на мерки за чување на здравјето. Задачите на хигиената се групирани во неколку области: лична хигиена, хигиена на трудот, ментална хигиена. Личната хигиена е многу важна, а чистотата е половина здравје. Прочитајте ги во продолжение занимливостите поврзани со хигиената.

1. Во старогрчката митологија Хигија претставувала божица и персонофикација на здравјето, чистотата и Месецот. Од таму потекнува и самиот збор Хигиена.

2. Човечкото тело е дом за над 1000 видови бактерии. Бројот на бацили пристуни на вашето тело е поголем од бројот на луѓе во САД.

3. Антибактерискиот сапун не е поефикасен во спречување инфекции од обичниот сапун, а триклосанот (активната состојка) може да ги наруши вашите секс хормони.

4. Студија во која учествувале над 11.000 деца утврдила дека премногу хигиенската околина го зголемува ризикот од атопичен дерматит (екзема) и астма.

5. На монасите од Џаин Дарма во Иднија им е забрането да капат други делови од телото освен рацете и нозете. Се верува дека чинот на капење би можел да ги загрози милионите микроорганизми кои живеат на телото.

6. Древните Египќани и Астеците нанесувале урина на кожата за да лекуваат изгореници и исеченици. Познато е дека уреа, клучната хемикалија во урината ги убавина габите и бактериите.

7. Англискиот средновековен крал Хенри четврти, на своите витези им наредил да се искапат барем еднаш во животот.

8. Ученик од седмо одделение од Флорида освоил прво место на училиштен саем на науки докажувајќи дека постојат повеќе бактерии во машините за лед во рестораните за брза храна отколку во веце школките.

9. Покрај популарното верување не постои “правило од пет секунди“ кога е во прашање храна која паднала на под. Бактериите ја контаминираат храната во истиот момент.

10. Првата вистинска четка за заби која се состоела од влакна од сибирска свиња била измислена во Кина во 1498 година.

11. 60% од мажите и 40% од жените не ги мијат рацете после посета на тоалет.

12. Повеќе батекрии има на тастатурата отколку во тоалетот.

13. Едно истражување покажало дека 39% од угостителските работници не ги мијат рацете после посета на тоалет, а 53% тоа не го прават ниту пред да почнат со подготовка на храна.

14. Пуштање вода во ВЦ школката без спуштање на капаот може да ги распрска микробите во тоалетот на оддалеченост од два метра.

15. Рацете се најголем извор на микроби во домот. Истражувањата покажувааат дека редоново миење на рацете го смалува заболувањето од настинка и дијареја.

16. Додека некои бактерии предизвикуваат болест, други се корисни. Тие се темел на прехрамбениот ланец без кој воопшто не би можеле да преживееме на Земјата.

17. Спалната соба е совршено плодно тло за молци кои се хранат со мртва кожа. Просечна личност исфрла до 10 г. мртва кожа неделно и до 18 кг. во текот на целиот живот.

18. Брис земен на рачни торби покажал до 25.000 бактерии по квадратен сантиметар. Третина од торбиците биле позитивни и на фекални бактерии. Торбите доаѓаат во контакт со многу валкани места, вклучувајќи јавен превоз, јавни вециња, ресторани и подови од барови.

19. Повеќето луѓе мислат дека тоалетот е најзагадениот дел од домот, но вистина е дека мијалникот обично содржи и до 100.000 пати повеќе бактерии.

20. Употребуван кујнски сунѓер може да содржи дури илјада бактерии по квадратен сантиметар, вклучувајќи и ешерихија коли и салмонела. Сунѓерот е идеално место за бактерии, а поради силните пукнатите тешко се дезинфицира. Редовно менувајте ги кујнските и тоалетните сунѓери.

Можеби ќе ве интересираат и следниве занимливости за патувањето.

Напишете коментар