Skip to content

Писмо до сите оние што некогаш се почувствувале “изгубено“

Драг/а ти,

Најпрво сакам да ти кажам дека не си сам/а. Нека звучи и клише, воопшто не ми е важно. Сам/а си со своите мисли и тешки емоции кои натежнале, но не си единствен/а што се чувстува така. Затоа сакам да запомниш дека сѐ е минливо. Ниту тешките мисли не траат вечно. Се појавуваат повремено, но ти ја имаш моќта да ги почувствуваш само. Без да ги игнорираш и дозволи им да протечат низ тебе.

Истото се случува и со убавите мисли. Нивното траење не е постојано. Знам дека знаеш, не очекувај да прочиташ нешто што веќе не си го размислил/а. Тука сум да те потсетам дека е во ред во одреден период од животот да се почувствуваш “изгубено“. Сите некогаш биле на истото место кое е ментална замка за тие што не ја забележале.

Повеќето луѓе се однесуваат како да знаат што прават, а верувај дека и тие некогаш се збунети. Впрочем тоа е една од задачите на животот, да нѐ збунува и да се обиде од нас да го извлече најдоброто правејќи нѐ посилни. Убаво е кога ова ќе се прочита нели? Јас сакам да верувам во нејзе. Целосно сум убедена дека таа не е единствената негова задача која ни ја задава.

Немој да се плашиш од чувството на “непознато“ и ако во некој момент се почувствуваш “изгубено“. Само врати се повторно во сегашниот момент, вдиши длабоко и погледни околу себе. Погледни и во себе, потсети се дека сѐ е минливо, како и тоа неубаво чувство.

Не заборавај колку вредиш и дека твоето постоење не е залудно. Ти имаш цели што треба да ги оствариш. Повик на кој треба да одговориш. Обврски кои чекаат на тебе за да ги извршиш. Прави ги со леснотија. На најтешките обиди се да им внесеш малку и забава правејќи ги интересни. Само продолжи понатаму! Вети си пред себеси дека нема да се откажеш.

По патот ќе сретнеш и други души кои се чувствувале изгубено, но речиси никој не ни забележал. Ти можеш да ги препознаеш таквите, слични ви се енергиите. Тие исто така можат да те препознаат, оти виделе некој свој дел од нив, во тебе. Не ги игнорирај знаците што ти ги праќа универзумот. Ништо не е случајно ниту залудно.

Продолжи да чекориш и не заборавај дека секое движење се важи, колку и да е бавно. До следно!

Искрено,
твојата невидлива, но сеприсутна Надеж

Напишете коментар