Skip to content

Кратка приказна за вистинското пријателство

“Господине мојот пријател не се врати од бојното поле…Дозволете ми да одам да го побарам!” Му рече војникот на својот командант.
“Барањето е одбиено! Не може да го ризикуваш животот, тој сигурно е мртов”

Војникот без да го послуша тргнува во битка. По околу еден час се враќа смртно ранет, носејќи го трупот на својот пријател…
Командантот гордо го погледнува…
“Ти кажав дека веќе е мртов! Кажи, вредеше ли да одиш по еден труп?”
Војникот  го погледнува преку лекарите што пробуваат да му помогнат и му одговара:
“Се разбира! Кога го најдов тој беше уште жив и со последни сили ми шепна…
,,Знаев дека ќе дојдеш. ”

Прочитајте ја и следнава приказна „Секој го наоѓа тоа што го бара“.

Напишете коментар