Skip to content

Љубов – Сабахета Ета Мерсими

  • by

За неа се испеани
безброј песни
на различна тема.
За неа се напишани
безброј стихови и проза
во секоја земја
За неа, сите пеат
без оглед на боја,
полот и религија.
За неа се направени
многу дела.
Со неа и по неа,
таа се грижеше
за своите најблиски
за далечни, ладни,
за природата
за личности,
животни,
материјални и
нематеријални добра
Нејзиното име е Љубов,
Love, Amor, Љубaв,
Dashuri, Aşk……..
Но, без разлика како ја викаат
тоа име е Љубов
со боја црвена
како цвет од Божур
И црвено вино!!

Сабахета Ета Мерсими

Напишете коментар