Skip to content

27 цитати од Балзак: „Љубовта е страст која не познава ниту минато ниту иднина“

Оноре де Балзак (20 мај 1799 -18 август 1850) е француски писател, новинар, драматург, литературен критичар, уметнички критичар и есеист. Во продолжение прочитајте ги неговите цитати!

1. „Зад секое големо богатство, се крие голем злочин.“

2. „Неможноста да направи љубовница од својата жена ја покажува само инфериорноста на мажот. Тој треба да биде способен да ги пронајде сите жени во една жена.“

3. „Жената која му се смее на својот сопруг не може веќе да го сака.“

4. „Жената го познава лицето на саканиот човек, како што морнарот го познава отвореното море.“

5. „Мажите губат ако не победат. Жените победуваат ако не изгубат ништо.“

6. „Најдобриот брак би бил меѓу слепа жена и глув маж.“

7. „Архитектите своите грешки ги поправаат со мермер, лекарите со земја, а жените со деколте.“

8. „Брачната врска е највисока школа на алтруизам.“

9. „Кога жените сакаат, простуваат многу нешта, дури и најголемите зла. Кога не сакаат, не простуваат ништо, дури ни најдобрите страни.“

10. „Луѓето ги преувеличуваат и среќата и не среќата: никогаш не сме толку среќни или несреќни колку што мислиме.“

11. „Кој бара одликување, не го ни заслужил. Кој го заслужил, нему не му е ни потребно.“

12. „Љубовта е страст која не познава ниту минато ниту иднина.“

13. „Колку повеќе судиме, толку помалку можеме да сакаме.“

14. „Ниту една жена не е толку скапа за да не може да се купи со искрена љубов, ниту толку евтина за да се продаде за грст лаги!“

15. „Грдотијата има една предност над убавината. Убавината поминува, но грдотијата останува.“

16. „Во животот најлоши судски дела се оние кои ги водиме сами со себе.“

17. „Славата е сонце на мртвите.“

18. „Законите се пајажина низ која поминуваат големите муви, а на која остануваат малите.“

19. „Љубовникот секогаш прво мисли на својата љубовница, па на самиот себе. Кај мажот е обратно.“

20. „Животот на мажите е слава, животот на жените – љубов.“

21. „Кога само би можеле да го насликаме со раце она што го гледаме со нашите очи.“

22. „Кој може да управува со една жена, може да управува и со еден народ.“

23. „Љубовта е како војна: започнува кога ќе посакаш, а военото поле го напушташ кога ќе се изнемоштиш.“

24. „Оние кои пребрзо трошат никогаш нема да се збогатат.“

25. „Љубовта побргу умира отколку што тешко живее.“

26. „Бракот мора непрекинато да се бори против чудовиштата кои сѐ проголтуваат – против навиките.“

27. „Џентлмен е оној кој повеќе му дава на светот отколку што зема од него.“

Можеби ќе сакате да ги прочитате и следниве мудри мисли од филозофот Сенека.

Напишете коментар