Skip to content

Чекање на есента – Матеја Матевски

Есентa доаѓа рамнодушна и дури некако скептична
во круг на самотата што го носи
Се постелува преопрезна
зад грмушките на видот
и чека како итро демнење

И не е само тажна метаморфоза на лисјето
и подмолен пристaн на испокинатите магли
што висат од рамената на студот

Туку е клопче од многу излитени носии
и сива клупа од постојани медитации
при кои долго се молчи

Напишете коментар