Skip to content

Свето е сѐ што живее – Гане Тодоровски

Се случи тоа што се случи –
Убија невини, убија мирни, убија незаштитени,
Те обесчестија Татковино дојденци, суртуци, убијци,
Безумци спополавени до гуша во крв зацапани,
Лесно кон меч што посегаат,
Ко црни јата зло долетаа,
Неоти демони на смртта во униформи на европејци,
Изроди грди на таа блудница Европа
Којашто поначесто ужива со копита да ни го валка Балканов.

Се самозаборавија од премногу сила
Убијците гордолики грди во душите,
Убиваа без ред без да знаат дека
Сила поголема крие нашиот живот од нивната смрт.
Подоцна крваво сфатија дека срамно
Самите жално ќе загинат –
Бидејќи е свето сѐ што живее,
Бидејќи силните, тоа сме ние – невините…

Напишете коментар