Skip to content

Братислав Ташковски е добитник на наградата „Антево перо“ за 2021 година

Жирито за доделување на наградата „Антево перо“ и другите награди поврзани со Меѓународната поетскo-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ на последниот состанок донесе одлука. Членовите на жирито во состав на проф. д-р Венко Андоновски (претседател), д-р Атина Цветаноска и Жорж Поповски (членови), уште еднаш ги разгледа и ги дискутира поетските книги што беа претходно селектирани како кандидати за годинешната награда „Антево перо“: „Ѕвезден часовник“ на Димитар Арнаудов, „Небесни разговори“ на Братислав Ташковски, „Сите болки станаа мои“ на Елизабета Баковска, „Опит“ на Сузана Мицева, „Позлатено распетие“ на Ивица Челиковиќ и „Светец“ на Ирена Павлова де Одорико.

По дискусијата, Комисијата донесе едногласна одлука, наградата „Антево перо“ за 2021 година да ѝ се додели на книгата „Небесни разговори“ од Братислав Ташковски.

Наградата „Антево перо“ се доделува како исклучително македонско поетско признание за необјавен поетски ракопис, а ја доделува мeѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“ во чест на творештвото на бардот на современата македонска поезија, Анте Поповски.

Наградата „Антев златник“ за 2021 година им е доделен на: Елизабета Баковска за збирката поезија „Сите болки станаа мои“ и на Димитар Аранаудов за книгата „Ѕвезден часовник“.

Наградата „Антев часовник“, симболично наречена така за оние чие златно поетско време допрва доаѓа, ја доби младата Марија Филипова за книгата „Твоите далги на брегот на Стикс“.

Почесното „Антево перо“, познато како награда „Антева златна книга“, за долгогодишни книжевни остварувања од интерес на македонската книжевност, култура и идентитет, за 2021 година, да му се додели на книжевниот великан Влада Урошевиќ.

Напишете коментар