Skip to content

Тежината на чашата – Кратка приказна

Некогаш одамна, еден професор по психологија се обидувал на своите ученици да им ги објасни принципите на менаџирање со стресот. Чекорејќи од еден крај на просторијата до друг, обидувајќи се да ги најде вистинските зборови, професорот застанал до својата катедра, ја подигнал чашата со вода и на големо чудење на учениците, наместо вообичаеното предавање за полупразна, полуполна чаша, тој ги прашал колку тежи чашата во неговата рака.
Откако сите почнале да дофрлаат разни мерки, професорот смирено одговорил:

“Од моја перспектива, апсолутната тежина на оваа чаша не е воопшто важна. Сè зависи од тоа колку долго ја држам чашата во рака. Во првите неколку моменти, таа е дури и премногу лесна. Но, како што поминува времето, така и мојата рака се повеќе се заморува и иако тежината на чашата е сè уште иста, колку подолго ја држам, толку таа делува потешка. Истото важи и за сите грижи кои ни носат огромен стрес во животот. На почетокот не чувствувате стрес, но на крајот на денот, откако постојано сте размислувале на нив, ќе се чувствувате како парализирани и немоќни да направите нешто друго сè додека не се ослободите од нив.”

Прочитајте ја и приказната за промена на светот. 

Напишете коментар