Skip to content

Јазик – Славко Јаневски

Кога главата ќе ти се стркала
под дното на животот
и устата ќе ти се отвори
за нечујна воздишка
јазикот умно се подава
да ѝ ги излиже раните на земјата.
Со свој мелем дрвјата ги лекува
со свој мов каменот за топлина го обвива
со своја благост соленото море го смирува.
Како појас континентите ги обвива.
Кога ќе се наскита
се враќа кон своите корења
обогатен со мудроста на вечната смиреност
за да помолчи
на хебрејски
на ерменски
или на македонски.
Сеедно, љубов моја,
на сите јазици јазикот еднакво молчи.
Така и молчењето си го премолчува.

Напишете коментар