Skip to content

14 инспиративни цитати за страста

Се вели дека животот без страст не вреди да се живее и дека секој оној кој ја следи својата страст ќе успее во остварување на своите цели. Подготвивме 14 вистини кои ќе ве инспирираат да се препуштите на страста и да живеете со полни гради.

1. Пронаоѓањето на страста нема врска со кариерата и со парите. Важно е да се пронајде заради пронаоѓањето на себеси. Оној кој си го закопал заради туѓите потреби. – Кристин Хана

2. Знаеш дека кога те мразам, тоа е затоа што те сакам толку многу страствено да тоа ѝ штети на мојата душа. – Џулија де Леспинас

3. Луѓето се најубави кога зборуваат со страст во очите за нешто што навистина сакаат. – В.Х.

4. Љубовта е најсилна од сите страсти затоа што истовремено ги напаѓа главата, срцето и сетилата. – Лао Цу

5. Не барај мир. Барај страст. – Мишел Ходкин

6. Сите треба да се загледаме во мрачната страна од нашата природа. Таму е енергијата, страста. Луѓето се плашат од тоа затоа што таму се наоѓаат делови од нас кои упорно ги негираме. – Сју Градтон

7. Побрзо би умрел од страст, наместо од досада. – Винсент Ван Гог

8. Разбирам дека си исплашен и дека си бил повреден. Но да се прави она што е лесно и безбедно не е вистински начин на живеење и живот без страст и љубов е далеку од она што го заслужуваш. – Кристен Вајт

9. Следи ја својата страст, биди спремен напорно да работиш и да жртвуваш и најважно, не дозволувај никому да ги ограничи соништата. – Донован Бејли

10. Страста е енергија. Чувствуваш моќ која настанува кога се фокусираш на она што те возбудува. –Опра Винфри

11. Основна срж на човековиот дух е неговата страст за авантура. – Крис МекКандлесs

12. Ништо не е важно колку страста. Безразлика што работиш во животот, биди страствен. – Џон Бон Џови

13. Јас немам посебни таленти. Јас сум само страствено радознал. – Алберт Ајнштајн

14. Никогаш не ја потценувај моќта на страста. – Ив Соер

Прочитајте ги овие мудри мисли од Сенека.

Напишете коментар