Skip to content

Измивање – А. Лефкоска

Донеси ми, донеси ми
вода чиста да се измијам
од гадостите.
Донеси ми, донеси ми,
Зошто знаат и небеси
дека ништо друго не ме мие,
освен водата твоја од рацете
што кожа ми допирале,
што солзи ми бришеле,
што мир ми носеле.
Донеси ми, донеси ми вода,
да се измијам од тагата,
Донеси ми вода,
да ја голтнам лагата
Да не речам дека ми е сеедно
да не речам дека е поминато,
да не речам дека душа не исплака
штом срце се уби за да не те сака.

Напишете коментар