Skip to content

50 евра – Кратка приказна

Еден познат говорник го започнал својот семинар така што подигнал банкнота од 50 евра во воздух и ги прашал присутните: “Кој ја сака оваа банкнота?“ Сите двеста раце се подигнале. Продолжил. “ Овие 50 евра ќе ги дадам на некој од вас, но пред тоа морам да направам нешто.“ Ја изгужвал парата. Потоа запрашал. “Дали сè уште ја сакате?“ Сите раце и понатаму биле кренати. Продолжил. “ А, ако ѝ направам вака? “ Ја фрлил банкнотата на под и ја изгазил со чевлите. “Добро, кој ја сака сè уште? “ Рацете уште биле кренати.

“Драги пријатели, штотуку научивме една многу важна лекција. Што и да направив со банкнотата вие и понатаму ја сакавте, бидејќи во ниту еден момент не изгуби ја вредноста. Цело време 50 – те евра останаа 50 евра. Во животот често ни се случува некој да нè оттурне од себе, да паднеме ниско, да се чувствуваме како згужвани и фрлени на земја во кал.  Тоа e животот.  Понекогаш се чувствуваме како да не вредиме ништо.

Но, без разлика на тоа што се случило во животот, или што допрва ќе се случи, ние како човечки суштества никогаш нема да ја изгубиме вредноста. Дали сме биле или ќе бидеме валкани или чисти, згужвани или испеглани, ние и понатаму сме непроценливи за сите оние кои нè сакаат. Нашите животи не се вреднуваат според она што го правиме или кого познаваме, туку според она што навистина  длабоко во себе  сме.

Прочитајте ја и приказната “Мамка за ајкули”.

Напишете коментар