Skip to content

Из-не-ве-ра – Јовица Тасевски–Етернијан

Јовица Тасевски-Етернијан е македонски поет, книжевен критичар, есеист и преведувач. Дипломирал општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје. Автор е на книгите: „Нешто се слуша“ (поезија; 1995 год.), „Визии. Глагол“ (поезија; 1997 год.), „Веда“ (поезија; 1998 год.), „Постојното, плимата“ (книжевни критики, есеи и студии; 2000 год.), „Клатно“ (поезија; 2001 год.), „Небесни стражи“ (поезија; 2004 год.), „Посоки и огледи“ (книжевни критики, есеи и студии; 2006 год.) и „Синтакса на светлината“ (поетски избор, 2008 год.). Во продолжение прочитајте ја песната „Из-не-ве-ра“ од збирката „Исход“.

ИЗ-НЕ-ВЕ-РА

До кога ќе тагуваш мила моја
пред олтарот испречен
среде дневната соба

До кога ќе го бришеш
правот од иконите
со своите бујни прамени

До кога ќе копнееш најмила моја
по совршен мир –
по гробна прегратка!

Напишете коментар