Skip to content

Пол Елијар – Април 1944: Париз сé уште дишеше!

  • by

Пол Елијар е француски поет и еден од основачите на надрелизмот. Од неговите први песни во 1913 година до последната збирка поезија, Пол Елијар никогаш не престанал да пишува за љубовта. Лудата љубов кон неговите љубовници Гала и Ниш, кон слободата, кон човечкиот род. Прво припадник на дадаизмот, потоа на надреализамот заедно со Андре Бретон, пред да дојде до меѓусебно недоразбирање помеѓу нив и заедно со Луј Арагон член во Француската комунистичка партија (ПКФ), Пол Елијар отиде во илегала штом беше демобилизиран во 1940 година. Во 1942 година, тој ја напиша една од најпознатите познати  песни за отпорот во Франција: „Слобода“.

Трите реченици на чилеанскиот поет Пабло Неруда ја сумираат болката што ја почувствуваа писателите ширум светот по веста за смртта на Пол Елијар на 18 ноември 1952 година: Почина Пол Елијар. Започна во водите на надреализмот, ширеше реловт и пееше љубов. Кога дојде опасниот час, за време на окупацијата, тој исто така беше и пред сé поет на Отпорот. Неговата песна „Слобода“ денес е читана насекаде, се учи во средните училишта, во општинските училишта. Елијар, нежниот, елегичниот, знаеше како да се покаже како најнасилен и најправеден за време на насилството, кога тоа беше неопходно.

Прочитајте извадок од од неговата поема Април 1944: Париз сé уште дишеше! за ја почувствувате големината на овој град, за да видиме дека љубовта кон Париз е посилна и од смртта и војната! Париз преживеа, живее и ќе живее вечно во овие прекрасни стихови!

Април 1944: Париз сé уште дишеше!

Ние слегувавме кон верната река, ниту нејзините бранови ниту нашите очи не го напуштаа Париз.
Не беше тоа еден смален град, туку град детски и мајчински.

***

Град кој минува низ сé како некаква летна патека, полна со цвеќиња и птици, како длабок бакнеж полн со насменни деца, полн со кревки мајки.
Не беше тоа разурнат град, туку многу сложен град, обележан од својата разголеност.

***

Град помеѓу нашите дланки како некаква раскината врска, помеѓу нашите очи како некое веќе видено око, град повторуван како научена песна.
Град сличен на себеси.

***

Стар град….Помеѓу градот и човекот ја немаше дури ни широчината на еден ѕид.
Град на проѕирноста, град на невиноста.

***

Постоше помеѓу осамениот човек и пустиот град само широчината на едно огледало.
Постоеше само еден град во боја на човекот, земја и плот, крв и растителен сок.

***

Никој не смогна да ги скрши мостовите што нé водеа кон заспивањето и од заспивањето кон нашите соништа и од соништата кон вечноста.
Град што опстојува и во кој ја доживеав нашата победа над смртта.

Превод: Влада Урошевиќ

Напишете коментар