Skip to content

Најпознатите цитати од Агата Кристи на едно место

Агата Кристи е родена на 15 септември 1890 г, а починала на 12 јануари 1976 г. Таа е позната по своите детективски романи и збирки раскази. Ги има измислено ликовите на детективите Херкул Поаро и Мис Марпл. Прочитајте ги нејзните најпознати цитати собрани на едно место!

1. „Најдобро време за осмислување книга е кога миете садови“.

2. „Се специјализирам за убиство од тивка, домаќинска природа“.

3. „Секоја жена може да направи будала од еден маж ако таа сака така и ако тој е заљубен во неа“.

4. „Археологот е најдобар маж кој една жена може да го има. Колку е таа постара толку тој е позаинтересиран за неа“.

5. „Секој убиец најверојатно е нечиј стар пријател“.

6. „Добриот совет секогаш ќе биде занемарен, но тоа не е причина дека не треба да се даде.“

7. „Понекогаш тагата диво и поразително ме надвладува, но низ сѐ тоа секогаш сум сигурна дека е прекрасно да се биде жив“.

8. „Презачестена е склоноста на Бог да му се припишува злото кое човекот го прави од своја слободна волја“.

9. „Кучињата се мудри. Тие ползаат до некое помирно место, ги лижат раните и не му се придружуваат на светот додека не се повторно целосни“.

10. „Една од среќните нешта кои можат да ви се случат во животот верувам дека е среќното детство“.

11. „Повеќето успешни луѓе се несреќни. Затоа и се успешни – тие мора да создаваат верба во себе преку остварувње нешто што светот ќе го забележи“.

12. „Преголемата милосрдност често се завршува со понатамошни злосторства кои се погубни за невините жртви кои не би биле жртви само ако правдата била поважна од милосрдието“.

13. „Само кога ќе ги видите луѓето во нивното смешно издание тогаш сфаќате колку всушност ги сакате“.

14. „Среќните луѓе не постигнуваат успех: тие се толку во мир со себе и едноставно не ги интересира ништо друго“.

15. „Мојот сопруг е археолог, а археолозите се детективи на минатото“.

16. „Навиката е нешто што не ја забележувате ни сами“.

17. „Живтот во текот на патувањето е сон во чиста форма“.

18. „Несреќата на ниските, педантни мажи е дека обично сакаат високи и истакнати жени“.

19. „Сфатив дека не можам да се вратам, не можам ни да се обидам да се вратам. Животот е еднонасочна улица“.

20. „Во мене живеат две “Јас“. Првото “Јас“ може да го направи она што второто “Јас“ не може, но првото “Јас“ не може да го направи она што другата “Јас“ би го сакала“.

21. „Мажите не се безбедни за да ја раскажат вистината за своите сопруги! Смешно, но жените можат да ја раскажат вистината за своите мажи!“

22. „Старите гревови имаат долги сенки.“

23. „Нема ништо подосадно од човек кој секогаш е во право“.

24. „Младите мислат дека старите се будали, но старите знаат дека младите се будали.“

25. „Само луѓето кои ги сакаш можат да ти го направат животот неподнослив.“

26. „Инстинктот е прекрасна работа. Не може ниту да се објасни, ниту да се игнорира.“

27. „Кога e во прашање е голема сума пари, препорачливо е да не верувате никому.“

28. „Фактот дека алармот не заѕвонил, променил многу човечки животи“.

29. „Жените ретко прават грешки во своите предрасуди едни за други“.

30. „Жените не знаат како да чекаат, запомнете го ова“.

31. „Не ги признаваме вистински важните моменти во животот сѐ додека не биде предоцна“.

32. „Тајната на успехот се состои само во придвижувањето“.

33. „Каење, тоа е губење време“.

34. „Никогаш не ги сакав новинарите. Во своите книги ги убивав“.

35. „Никогаш не ги прави сам оние нешта кои некој друг може да ги направи за тебе“.

36. „Никогаш не мислете дека подобро се разбирате за она што им е потребно на луѓето“.

37. „Животот не е толку долг за да здосади“.

38. „Паметниот човек своите размислувања ги чува за себе“.

39. „Разговорите се измислени за да им пречат на луѓето во размислувањето“.

40. „Најдобар детектив е случајноста“.

41. „Малото озборување му дава пикантна острина на животот “.

42. „Во деведесет и девет случаи жените се однесуват како будали, но во стотиот случај испаѓаат попаметни од мажите“.

43. „Ништо не оптеретува толку многу колку посветеноста“.

44. „Неоспорната логика е карактеристична за манијаците“.

45. „Високата репутација – е примарна потреба за измамниците!“

46. „Секоја меѓусебна поврзаност на мажите и жените почнува со сјајната илузија дека имаат исто гледиште за сѐ во светот“.

47. „Злото кој го направил човекот често го надживува него самиот.“

48. „Ако се обидувате да го оживеете минатото, тогаш на крајт тоа се појавува во изобличен вид“.

49. „Ако на вашите сонови не им е предодредено да се исполнат многу е подборо да го признаете тоа навреме и да продолжите понатаму наместо да се фокусирате на скршените надежи“.

Прочитајте ги и следниве инспиративни мисли за страста!

Напишете коментар