Skip to content

Што ги инспирирало браќата Грим да ја создадат приказната за „Јованче и Марика“?

Јованче и Марика или Хансел и Гретел како што главните јунации се викаат во оригинал, е една од најпознатите бајки на светот. Преведена е на 160 јазици откако браќата Грим првпат ја објавиле во 1812-та година. Во приказната, по наговарање од страна на маќеата, таткото ги остава децата во шумата бидејќи немало доволно храна за семејството.

Снаодливите деца успеваат да се вратат следејќи ги камчињата што ги фрлаат по целиот пат. Вториот пат немале толку среќа бидејќи наместо камчиња фрлале лебни трошки кои пак биле изедени од врапчињата, па морале да останат во шумата. Гладните деца тогаш наидуваат на куќичка од чоколадо, а кога почнале да ја грицкаат ги заробува старата вешетерка која живеела внатре. Во приказната таа ја терала Марика да ѝ помогне да го здебелат Јованче за да може вештерката да го изеде. Децата накрај ја надмудриле и се вратиле дома.

Која била инспирација за оваа приказна?

За жал инспирацијата не е весела. Поради страв дека во нивниот крај може да завладее Франција после наполеоновите војни, браќата Грим почнале да ги запишуваат приказните и усмените преданија на тамошните жители за да ги зачуваат корените. Еден ден во нивниот дом дошла и нивната сосетка, Хенриета Доротоеа Вајлд (подоцна госпоѓа Грим). На кујнската маса им раскажувала приказни кои се пренесувале од колено на колено во нејзиното семејство. Меѓу тие приказни била и таа за Хансел и Гретел.

Првата приказна за Јованче и Марика потекнува уште од времето кога владеел Големиот глад, кој траел од 1314 до 1322 година. Започнало со лошите временските прилики во 1315, а жетвата и родот потфрлувале од 1316 до 1317 година. Европа не се опоравила сѐ до 1322 година. Во текот на тие тешки години некои постари луѓе свесно одлучувале да умрат за да остане повеќе храна за помладите членови во семејството.

Меѓутоа имало и такви со мрачни и тешки одлуки, кога мајките правеле чедоморство или ги напуштале своите деца. И уште пострашно – постојат докази за канибализам. Мајките верувале дека ако преживеат ќе бидат здрави за да родат уште деца кога гладтта ќе заврши. Бил тежок период, полн со очај.

Симболиката во самите имиња и коренот на приказната

Хансел и Гретел биле најчести имиња во регионот во тој период, а со тие два лика браќата Грим симболично ги претставуваат сите гладни и напуштени деца. Во оригиналната приказна немало куќичка со чоколади, освен можеби во главата на дечињата кои умирале од глад во шумата. Можеби чоколадните куќички ги замислувале на ист начин како што жеден човек во пустина гледа оаза.

Во првобитната приказна не ги оставале маќеите туку нивните мајки. На крајот браќата Грим мајката ја замениле со маќеа за бајката да им биде попријатна за читање на децата. Во текот на годините приказната повеќепати била менувана и адаптирана, а добила и свој среќен крај. Но не смее да биде заборавена и оригиналната бидејќи сведочи за страшните човечки судбини.

„Јованче и Марика“ инспирација и за филм

Гретел и Хансел е мрачен фантастичен хорор филм од 2020 година, базиран на германската фолклорна приказна „Хансел и Гретел“ или „Јованче и Марика“ од браќата Грим. Филмот е во режија на Оз Перкинс, а продуцент е Фред Бергер, Брајан Кавано-onesонс и Ден Каган, со сценарио на Роб Хејс. Првпат бил прикажан на 30 јануари 2020 година. Рангиран е со ицена 5.4/10 на Imdb.

Официјален трејлер за филмот

Прочитајте ја и поврзаната статија за етичките вредности содржани во бајките на браќата Грим.

Напишете коментар