Skip to content

На Светите Јоаким и Ана

  • by

Бог ја виде вашата праведност

Ја услиши молитвата ваша

Како што вие ја услишувате нашата,

Богоправедници свети Јоакиме и Ана

Бог ви даде сила

Милоста се истекла во твоето име света Ана

Те благословила со чедо

Мајката наша Блажена Богородица.

 

Бог нам ни даде сила

Милоста се истекла и во нашите срца

Услишена е нашата молитва,

Со ваша помош,

Блажени сме

Да избегаме од темнината на животот

Од искушенијата на рогатиот

Од клетвата на намерниците

Од немилоста на неверниците

Свети Јоакиме и Ана,

Вам ве величаме

Благословена е вашата лоза

Се радуваме на вашиот род

На нашата секогош благословена

Mајка на сѐ што се обновува

На сѐ што се зачнува

Творителкa на Творецот човекољубив.

Напишете коментар