Skip to content

“Добро утро – Довидување” – Поучна приказна

Една жена работела во голема фабрика за месо. Еден ден кога ја завршила својата смена, отишла во ладилникот да провери нешто и во момент на невнимание, вратата од ладилникот се затворила и таа останала заробена.
Иако викала и довикувала помош, никој не ја слушнал бидејќи сите си заминале, а ладилникот бил изолиран така што никој не можел да ја чуе. Останала во ладната просторија и знаела дека е осудена на смрт ако таму го дочека утрото.

После неколку часа, жената била речиси смрзната и веќе се простила од животот. Сепак, во еден момент вратата ја отворил ноќниот чувар и ја извлекол од ладната просторија.
Кога подоцна го прашала чуварот зошто дошол до ладилникот и ја отворил вратата, иако тоа не е негова вообичаена рутина, тој објаснил:

“Работам тука веќе 35 години. Десетици вработени секој ден излегуваат и влегуваат, но ти си една од ретките кои секое утро и секоја вечер ме поздравува. Многумина ме третираат како да не постојам. Денес кога дојде ми рече: ’Добро утро, како сте?’ Но после работното време сфатив дека не го слушнав твоето ’Довидување, се гледаме утре’.
Тие зборови ме потсетуваат дека сум личност. Знаев дека нешто недостасува и затоа тргнав во потрага по фабриката. Така те пронајдов“.

Прочитајте и приказната за банката со спомени.

Напишете коментар