Skip to content

Страв – Елизабета Д. Лушин

Го сокрив под бескрајното небо
Твоето голо тело…
Твојата мазна испотена кожа
ја сокрив под мојата!
Никој да не усети како љубиш,
како милуваш..
Никој да не види како
се смееш – гледајќи ме..НИКОЈ!

Те сокрив од луѓето
и од месечината
и од ѕвездите те сокрив…
Страв ми е…
страв ми е да не те видат
и тие да те посакаат,
па лудо
да се вљубат
и секоја ноќ да ја
минуваат со тебе

Страв ми е…
Оти црно ќе биде небото без нив.

Од збирката „Невидливи облаци“.

Напишете коментар