Skip to content

Цвеќе

  • by

Ако животот е само еден краток пат, да посадиме по патеката на одот

барем цвеќе

За да имаме само пролет,

Ако животот е само еден краток сон, да сонуваме соништа полеани со рози

Во кои гушнати сонуваат два лебеди

Умирајќи во љубовен сон.

Ако животот е само еден краток пат, да посадиме по патеката на одот

Барем едно дрво

За да имаме зелен свет,

Ако животот е само краток сон, да се качуваме на небесата облеана со ѕвезди

Не стапнувајќи на прашината на животот

Која ги гуши нашите светлини.

Ако животот е само краток пат, да посадиме по патеката на одот

Барем еден нов живот

Да не се угаси нашиот кога ќе нѐ покријат насадите

Ако животот е само сон да го сонуваме во прегратките на љубените

Само таму е нашиот мир, само таму е нашиот

Вечен живот.

Напишете коментар