Skip to content

Текот на реката – Зен приказна

Еден млад ученик учел  боречки вештини учел од познат и многу мудар учител. Еден ден додека учителот ги гледал учениците како вежбаат, приметил дека присуството на другите деца му пречи на младиот ученик и тој не може никако да ја усоврши својата техника.

“Што е проблемот?“ Го прашал.
“Не знам.“ Mу одговорил ученикот. “Колку и да се обидувам, не можам правилно да ги изведам движењата.“
“Пред да совладаш некоја техника, мора да ја разбереш хармонијата. Дојди со мене, ќе ти објаснам.“ Mу рекол учителот.

Ученикот и учителот ја напуштиле зградата и оделе извесно време низ шумата додека не стигнале до еден извор. Учителот стоел тивко на брегот и прозборел.
“Погледни го изворот.” Рекол тој. “Камењата се на неговиот пат. Дали тој удира во нив од фрустрација? Не. Тој едноставно протекува низ и околу нив и продолжува понатаму! Биди како водата и ќе знаеш што е хармонија.“
Младиот ученик сериозно си го сфатил советот. Наскоро тој воопшто не ги забележувал другите ученици. Ништо не го спречувало да ги изведе дури и најтешките движења.

Прочитајте и како се слика природата.

Напишете коментар