Skip to content

Бог и воздух – Зен приказна

Еден пустиник медитирал покрај една река, кога еден млад човек го прекинал.
“Учителу, може ли да станам твој ученик?“
“Зошто?“ Го прашал пустиникот.
Младичот се замислил за момент.
“Бидејќи сакам да го пронајдам Бог.“
Пустиникот станал, го фатил за вратот, го одвлекол во реката и му ја ставил главата под вода. По некое време конечно го извадил, а младиот човек се борел за здив. Кога се смирил, пустиникот му рекол. “Кажи ми, што најмногу сакаше кога беше под вода?“
“Воздух!“ Извикал човекот.
“Многу добро. А сега оди дома и врати се кога ќе го сакаш Бог колку што го сакаше воздухот.“

Прочитајте ја и приказната за текот на реката.

Напишете коментар