Skip to content

Крајбрежје го има и на Инстаграм, погледнете го нашиот профил таму

Крајбрежје е присутен и на Инстаграм веќе одреден период. Знаеме дека ова го знаат сите што нè читаат и следат редовно. Но тука сме да ве потсетиме и да го претставиме и на овој начин со блог пост. На сите ни е јасно колкава популарност стекна оваа социјална мрежа во последниве неколку години. Активно почнавме да го ажурираме пред некои две години. Тие што нè следат таму веќе знаат како функционира нашиот профил.

Споделуваме фотографии, организиравме и успешно спроведовме многу дарувања на книги во изминативе години, правевме квизови, мотивираме преку цитати и кратки текстови. Квизовите кои беа на пауза ќе продолжат, сè продолжува да тече по нашиот замислен тек. Свесни сме дека многу “книжевни Инста блогови“ беа инспирирани од нас, нам ни е драго што другите позајмуваат од нашите идеи. Тоа е одличен доказ дека правиме нешто оригинално, убаво, креативно и корисно.

Тие што имаат профили на Инстаграм веќе се запознаени на кој начин функционира оваа платформа. Ние одлучивме овде да го претставиме нашиот профил и да ви овозможиме да “ѕирнете“ какви се нашите објави.

И да ве потсетиме, доколку не сте го направиле тоа – заследете нè! За уште поинакви содржини на блогот кој си го носи мотото “еден поинаков блог“, за кој испадна дека другите блогови сакаат да налкуваат на него 😊 Притиснете го копчето follow, нас ќе ни значи многу, а вам нема да ве чини повеќе од пет секунди од вашето време. Ви благодариме на поддршката и посетите! Погледнете ги во продолжение тамошните постови, нема повеќе да должам.

Цитат

Цитат

Фотографија

Фотографија

Цитат

Фотографија (дарување)

Фото + текст

Напишете коментар