Skip to content

„Процес“ од Франц Кафка – бунт против системот и бирократијата

„Процес“ е напишана во 1914 и 1915 година, но објавена е дури во 1925 година, после смртта на Кафка. Макс Брод, пријател на Кафка, го подготвил романот за печатење и додал неколку поглавја. Кафка бил Евреин, роден во Чешка, но пишувал на германски јазик. Затоа „Процес“ е една од најпознатите германски книги за сите времиња.

Анализа на делото

Насловот на романот открива дека делото се врти околу судски процес, но тоа е всушност бунт на Кафка против системот и бирократијата какви што тој ги знае. За „Процес“ може да се каже дека ја означува беспомошноста и борбата на човекот против оние кои се поголеми од него. Судот, кој како невидлива, но постоечка инстанца, постојано се провлекува низ делото. Го прогонува и осудува поединецот, кој ни сам не знае за што точно е виновен.

Судењето исто така може да се протолкува како неизбежност на судбината. Ова е очигледно и во однесувањето на авторот, кој на крајот на делото се помирува со смртната казна без никаков отпор. Целиот концепт на отуѓување, кој што кај Кафка може да го најдеме во делото е одраз на обидите на авторот да се пронајде самиот себе.

Како чешки Евреин што зборува германски јазик, Кафка секогаш се чувствувал како странец, безразлика во која средина се наоѓал. Отуѓеноста може да се забележи во неодреденоста на времето и местото на дејството, бројот на ликови кои се појавуваат или одеднаш исчезнуваат на средина од дејството. Но и во редефинирањето на вината која му се наметнува на главниот лик. Во одредени ситуации, тој не може да стори ништо друго, освен да ја прифати вината. А тоа и го прави, на крајот.

Ликовите во ова дело се различни службеници: банкари, полицајци, вработени во судот. Местата каде што се одвива дејството се судски простории кои се сместени во таваните или во запоставени, сиромашни делови од градот. А покрај нив се одвиваат секојдневни работи, како перење облека. Главен лик на ова дело може да биде било кој човек. Обичноста на главниот лик се изразува во името Јосиф. Тој нема целосно изграден идентитет, туку само име и иницијал.

Поради сето ова, делото на Кафка, станало синоним за апсурдни ситуации во кои човек некогаш се наоѓа без своја вина. Од нив не може логично да излезе, туку само треба да се помири со ситуацијата.

Прочитајте зошто сите сме Дон Кихот.

Напишете коментар