Skip to content

Нобеловата награда за литература во рацете на Абдулразак Гурнах

Нобеловата награда за литература оваа година му припадна на Абдулразак Гурнах, по потекло од Танзанија, а кој од крајот на 60-те години живее во Велика Британија. Во своите дела тој „бескомпромисно и со емпатија ги претставува последиците на колонијализмот и судбината на бегалците, кои мораа да го премостуваат огромниот јаз меѓу културите и континентите”, стои во образложението на Шведската академија објавено денеска во Стокхолм.

Гурнах има објавено десет романи и бројни кратки раскази, а негов најпознат роман е „Загубениот рај“, кој од печат излезе во 1984 година, а чие дејство се одвива во колонијална Источна Африка за време на Првата светска војна, номиниран и за престижната награда Букер.

Набљудувачите веќе очекуваа дека Шведската академија годинава ќе фрли поглед прилично далеку, откако во изминатите години одликуваше претежно европски и северноамерикански автори, како американската лиричарка Луиз Глик. За фаворити се сметаат на пример авторката по потекло од Нигерија – Нгози Адичи, Индиецот Викрам Сет, Кинезот Лиао Јиву и Миа Коуто од Мозамбик.

Извор

Напишете коментар