Skip to content

Верувам во чуда – Наталија Наумовска

Верувам во чуда што животот сам ги пишува
но и во такви кои природата ги раширува
по патеките лавиринести чекориме,
со молитвите што во себе ги шепотиме

Верувам во чуда што сами ги создаваме,
непогрешливо, разумно, единствено
допрени од моќта на сопствената сила,
освојуваме сопствени битки, храрбо и борбено

Верувам во чуда што се случуваат ретко
и победи што се добиваат на потежок начин
верувам во универзумот кој нè спои
но не верувам во случајности

Не верувам во случајности
оти не случјано живееме, умираме
оти не случајно се смееме, плачеме,
оти не случајно одлучуваме,
не случајно ни се вкрстуваат патиштата

Не верувам во случајности
сè е плод на нашите одлуки
испреплетени со мисли и емоции
зацврстени со ставови и систем на вредности

Не верувам во случајности
оти не е случајно ова што сега го пишувам,
оти не е случајно што сега ова го читаш,
не верувам во случајности, не верувам

Напишете коментар