Skip to content

Иже Херувими – Јовица Тасевски–Етернијан

Неговата тага, неговиот очај, неговата болка –
сè да се збере во една бовча
и да се фрли скраја

Таква е мојата заповед
мои красни чеда,
мили херувими

Тоа е мојот завет
што го дадов кога се поклони
пред севишниот престол

За многаја лета!

Исход (Едиција Современа македонска поезија)

Напишете коментар